Браво дечиња: Најмалите од ООУ “Рампо Левката” со прекрасни изработки го декорираа училиштето во пресрет на Велигден (ФОТО)

Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, учениците од IV б, IV в ,I а ,I в ,II а и II б одделение, заедно со нивните наставнички се потрудија да завладее празнична атмосфера во нашето училиште. Со велигденски мотиви го декорираа главниот влез на нашето училиште и училишниот хол, а со тоа и најавија дека велигденските работилници веќе се започнати во училиштето – објавија на ФБ од ООУ “Рампо Левката” Прилеп.

Повеќе фотографии погледнете ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.