Битолчанец фатен со “бело” во ноќен клуб

На 12.11.2023 во 02.30 часот, во ноќен клуб во Охрид, од страна на полициски службеници приведен е М.И.(34) од Битола.

Полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога кај М.И. пронашле кокаин.

По целосно документирање на настанот, против М.И. ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.