Била сама во автобусот кога возачот застанал и ја гледал во ретровизор: Тоа што се случило покасно, ќе ве остави без текст

Многу девојки се плашат да патуваат со ноќен превоз, особено ако се сами и во автобусот нема премногу луѓе.

Шна Камал (19) се враќала сама од работа со ноќен автобус. Нејзината куќа била на последната станица, а на претпоследната станица сите преостанати патници го напуштиле автобусот, освен таа. Кога сфатила дека е сама со возачот на автобусот, почувствувала страв кој се зголемил кога забележала дека автобусот стои, а возачот ја гледа во ретровизорот.

Меѓутоа, тоа што го направил возачот, ја оставило без текст. Имено, Шна прашала зошто не се движат, а возачот и одговорил дека сака да се увери дали жената која го напуштила автобусот сигурно ќе стигне дома. Девојката била воодушевена, а тоа го споделила на Фејсбук.

Во статусот пишува: “Мислам дека го запознав најдобриот возач на автобус во светот! Кога автобусот го напуштија една жена и група момчиња, останав сама со него. Стоевме во место, а јас прашав зошто не се движиме. Рече дека сака да се увери дека ништо нема да и се случи на жената која го напушти автобусот. И токму тоа се случи, почека жената да влезе дома, а групата момчиња заминаа во спротивен правец. Покасно застана во близина на мојата куќа, бидејќи беше мрак. Нема подобра личност од него. Му благодарам на возачот од линија 753 !”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.