Барселона во битка со Јувентус за ѕвездата на ПСЖ: Меси овој играч очајно го посакува во својот тим

Барселона е во борба со Јувентус за ѕвездата на ПСЖ. Лионел Меси очајнички го посакува овој играч во своите редови. Јувентус наводно се придружил во трката за потпис на Адриен Рабиот.

Според зборовите на Дон Балон, италијанските џинови сакаат да го купат Французинот кого ПСЖ наводно би се согласил да го пушти за сума од 50 милиони евра, а “Марка” исто така известува дека Барса е исто така сериозно заинтересирана.

Медиумите минатиот месец пишуваа дека ѕвездата на Барселона, Лионел Меси и тоа како сака да го види овој играч во својот клуб, што сигурно би била добра вест за навивачите на Барса, затоа што ако Меси го сака во тимот, тогаш сигурно е некој добар играч.

Потписот на Рабиот за Барселона би бил одличен потег, особено ако се земе во предвид дека клубот го загуби Андрес Иниеста ова лето.

Потешко е да се замисли Рабиот во првиот состав на Јувентус, затоа што во клубот веќе ги има Миралем Пјаниќ, Емре Џан, Сами Кедира и Блес Матуиди.

Но, со оглед на тоа дека Јуве и Маркисио спогодбено ќе го раскинат договорот, можно е “старата дама” да тргне и да направи завршен удар на трансфер пазарот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.