Андовска: Чyвaj боже да кажеш дека cи Maкедонец, дека ја caкаш и се бopиш за Македониja. Пpoблем веднаш

Професорката на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Дарија Андовска, со две објави на Фејсбук го коментира најновото негирање на македонскиот идентитет од соседите.

„Интересно: никој не би замерил на Германец ако си ја сака државата и се бори за нејзините интереси, ниту пак на Французин, Данец, Полјак, Хрват, Словенец, Србин, Албанец, Грк, Бугарин, Шпанец, Италијанец… тоа е сосема нормално, нели. Ама чувај боже да кажеш дека си Македонец, дека ја сакаш Македонија и се бориш за интересите на Македонија. Проблем веднаш“, заклучува композиторката.

„Ги слушам барањава на соседите (што добрососедски, што јужни) и се чудам како нит еу-меу, нит домашниве сервилни политиканти не го слушаат повампирениот фашизам. Ниту една протестна нота, ниту еден заклучок на Собрание, на Влада, на народ што би одговорило на соседската хистерија. Синкир они сите ем чисти елини, ем чисти вулгари уште од почетокот на светот. А Македонија, македонски јазик, македонска историја и Македонци да ми ти биле ‘вештачка творба’. Гнилеж“, вели пијанистката и авторка на музика за разни дела и на мултимедијални проекти.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.