Шекеринска за ТВ21: Точно е дека СДСМ предложи албански симболи на парите (ВИДЕО)

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, потврди дека од СДСМ потекнува предлогот преку Законот за употреба на јазици да се озакони употребата на албански симболи на парите.

– Да. Нашите и досегашни книжни пари се мултиетнички и сега во моментов, меѓутоа сметавме дека е добро тоа да стои во законот како политичка заложба, како законска обврска. Инаку и сега се цитира, мислам дека е поглед низ традиционален албански прозорец. Нашите пари се помалку со личности, повеќе се делови од нашето национално богатство и сите етнички заедници во Македонија имаат со што да се пофалат. Македонија може, сега првпат имаме шанса да покажеме дека нашата шареноликост, етничка, религиозна.., во секоја смисла може да биде сила за Македонија – изјави Шекеринска во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.