ШВАЈЦАРИЈА ВЕ ПОВИКУВА: “Доселете се во нашата држава и ќе заработите по 60.000 евра”

Албинена е швајцарско село кое е подготвено да исплати голема сума на пари на луѓето кои ќе одлучат да живеат таму. Но, постои еден услов. Потребно е да останете таму најмалку 10 години.

Жителите на ова село ќе треба да гласаат, а потоа и да донесат одлука.

Доколку одлучите да се преселите таму, можете да добиете и до 60.000 евра.

Во ова село живеат 260 жители, а со оглед на тоа дека нема многу деца, властите биле приморани да ги затворат училиштата и некои други институции.

Уште еден услов кој треба да го исполините е вашата возраст. Треба да бидете помлади од 45 години и неопходно е да останете во ова село 10 години.

Секој возрасен човек кој би се доселил би добил по 25.000 франци, додека родителите за секое дете би добиле по 10.000 франци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.