Цел на безредијта на стадионот на Партизан била дестабилизација на Србија

 

Хаосот на јужната трибина на стадионот на „Партизан“ во текот на вечното дерби во средата навечер бил со месеци внимателно подготвуван и имал за цел да предизвика немири во цел Белград, кои на крајот би довеле до криза на власта.

Целата акција оперативно ја водел опасен нарко бос Ф.К додека еден од главните организатори бил поранешен висок функционер на Државната безбедност Р.Б.

Ова се наведува во строго доверливиот допис кој БИА вчера им ги упати на највисокото државно раковотство! Исто така, објавува „Информер.рс“ како еден од „режисерите на војната“ е означен и контраверзниот бизнисмен З.Н., а се навдува дека постојат сериозни индиции дека организаторите на крвавите немири имале помош од полицаец кој денеска се наоѓа на висока финкција во врвот на МУП, како и од поединци од управата на ФК Партизан.

Кој дал кеш?

Досегашната истрага утврдила дека опасните хулигани од Хрватска за предизвикување на нереди во белград биле ангажирани преку контакти на наркомафијата.

„Тоа, се разбира нема никаква врска со фудбалот. Доволно е да погледнете кои се луѓето кои го предизвикаа крвопролевањето на трибините и ќе сфатите колку е голема оваа игра. Хрватите кои во текот на дербито беа уапсени на стадионот не се никакви хулигани, туку многу, многу опасни луѓе! Податоците на хрватската полиција велат дека тие буквално се господари на јужната Хрватска, малтене газди на Сплит и околината, и нив таму никој ништо буквално не им може. Полицајците во Хрватска се сомневаат дека тие стојат зад обидот за атентат на претседателот на ФК Динамо, Здравко Мамиќ, а јавна тајна е дека претседателот на хрватскиот фудбалски сојуз, Давор Шукер се плаши од нив повеќе отколку од самиот ѓавол…“, објаснува изворот на „Информер“ и прашува како може било кој да поверува дека такви луѓе сосема случајно, сами од себе, да дојдат во Белград на вечното дерби.

„Според нашите сознанија, секој од нив добил меѓу 5 и 10 илјади евра за да дојде на ЈНА и да ја презџемат власта на трибините. Претходно имале состаноци и им била одржана кратка обука за тоа што, како и кога точно да направат. За организацијата многу говори и податокот дека на истата трибина во исто време бил и од страна се надгледувал и нарко-босот Ф.К. Тој во моментов е еден од најмоќните и најопасните криминалци во Белград и во целиот регион. Тој сигурно не бил дојден на стадионот за да го гледа дербито…“, додал соговорникот.

Повеќе можете да прочитате ТУКА.

 

Извор: нетпрес




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.