Хитлер ја посетил Југославија само еднаш и тоа во овој град – еве како бил пречекан (ВИДЕО)

Југословенската држава има долга традиција антифашистички движења и борби против Хитлер и нацистите.

Затоа оваа епизода од историјата главно поминала и незабележано и ретко се споменува дека постоел еден град во Југославија кој Хитлер го посетил и тоа веднаш по окупацијата.

По почетокот на војната појавувањата на Хитлер во јавноста биле сѐ поретки. Германскиот диктатор минувал повеќе време во развивање на воени стратегии и поради тоа главно престојувал во своите штабови.

Ако се одлучел на посета тоа главно биле посети на воени бази додека јавни настапи пред маса луѓе на улица станале вистинска реткост.

Таквите настапи биле кратки, ненајавени и тоа во окупираните територии кога тој наизглед спонтано ќе се појавел на улиците на некој град кој е освоен покажувајќи дека градот многу му значи.

Посета од таков тип е и посетата на Марибор во Словенија, иако никогаш не било разјаснто зошто го избрал токму овој Град.

Марибор кој е втор по големина град во Словенија, станал единствено место во Југославија кое Хитлер го посетил. Погледнете како изгледало сето тоа:

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.