(ФОТО) “ЖАЛНО! Фонтаните во Аеродром меѓу која и таа на Тоше Проески оставени да скапуваат”

Граѓани на социјалните мрежи реагираат на како што велат неработењето на новите локални власти во општина Аеродром и градоначалникот Златко Марин.

На фејсбук страната “Аеродром во моето срце” објавени се фотографии од фонтаните во оваа скопска општина, а од нив се гледа дека истите се оставени на мислост и немилост и се во очајна состојба.

Меѓу запуштените фонтани е и онаа посветена на Тоше Проески која се наоѓа во населбата Ново Лисиче.

“Градоначалниче, ако некој градеше фонтани и паркови не значи дека ти сега треба за инает да ги запуштиш. Фати се за работа, општината ни пропаѓа” – стои напишано на страната “Аеродром во моето срце”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.