(ФОТО) ЈА НАРЕКУВААТ “ПУСТИНСКА РУЖА”: Таа е жената која му роди 3 деца на Асад и денес за неа зборува цел свет !

Асма ал Асад (41) ја нарекуваат “пустинска ружа” и “Првата дама на пеколот”. Првата дама на Сирија и сопруга на Башар ал Асад привлекува внимание каде и да се појави.

Асма е дел од имиџот кој го пропагира Башар, сигурна е во себе и горда на тоа што постигнала. За разлика од својот сопруг, Асма не одраснала во палатата на сирискиот претседател, туку во помала куќа во лондонски Актон со нејзините родители кои биле лекари.

Студирала француски јазик, а потоа кратко работела за инвестициона банка во Њујорк. Башар го запознала додека тој бил на специјализација за офтамологија во Лондон, а потоа повторно се сретнале во 2000 година и во тајност се венчале една година покасно.

Венчавката била организирара само неколку дена откако Башар станал претседател, а таа во тој момент имала 25 години.

Во првите неколку години од претседателствувањето на Башар, по диктатурата на неговиот татко, постоела надеж меѓу луѓето, дека образованиот лекар ќе го отвори патот кон слободата. Луѓето навистина верувале дека стигнала “сириската пролет” и чувствувале дека новиот претседател е близок до народот.

Кога Асма во 2010 години говореше за американски “Вог”, кој ја прогласи за едно од најсвежите лица меѓу првите дами во светот, се видоа “пукнатини” во бајката која во јавноста ја пренесуваа соработниците на Башар ал Асад.

Покасно тоа интервју беше отстрането од интернет страницата на “Вог”. Луѓето дури се прашувале дали Асма знае што прави нејзиниот сопруг.

Дека го поддржува својот маж во неговите одлуки сведочи и еден е-маил кој Асма го испратила:

“Заедно ќе бидеме посилни и заедно се ќе пребродиме. Те сакам!”, пишувало.

Асма и Башар имаат три деца. Асма секое утро ги носи во школо, а најстариот син Хафез (14) веќе започнува повремено да се појавува на различни настани со неговата мајка, па на големо се говори дека тој е новиот наследник на Сирија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.