Мира Радиеловиќ-Рикардел е новиот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп.
Мира има потекло од Хрватска, а нејзиниот татко е роден во Бреза. Причината што таа е одбрана на ова место е нејзиното широко познавање на безбедноста, одбраната, технологијата и надворешните политички критериуми.
Мира Рикардел се придружи на тимот Трамп уште на почетокот на неговата трка за Белата куќа, како советник во одбрамбените прашања.
Работела и во Сенатот, во канцеларијата на републиканецот Боб Дол. Студирала надворешна политика и дипломатија на универзитетите Џорџтаун и Туфтс.