Спортската сала во ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп со нов изглед

_MG_4547

Учениците од ООУ „Климент Охридски“ наставата по физичко образование ќе можат да ја следат во подобрени услови. Според директорот на училиштето Ахил Јаков спортската сала е срце и душа на едно училиште и токму од реконструираната спортска сала ќе произлезат многу спортски таленти.

_MG_4477

_MG_4518

Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека од неодамна со средства од Општина Прилеп во висина од четиристотини илјади денари извршена е комплетна промена на подот и на вратите во оваа спортската сала. Исто така спортската сала во ова основно училиште е обезбедена и со спортски реквизити во вредност од сто илјади денари со кои е олеснето изведувањето на наставната програма.

_MG_4520
_MG_4565

„Денеска сме присутни на отворениот ден во ООУ „Климент Охридски“ каде на гости се присутни најмалите т.е идните првачиња кои ќе се запознаат со условите за работа во ова училиште. Салата е навистина прекрасна и има одлични услови за работа како и самото училиште“, истакна градоначалникот Ристески.

_MG_4549

Општина Прилеп и понатаму ќе работи на подобрување на условите за поефикасно изведување на наставата во ООУ „Климент Охридски“.

_MG_4578

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.