Сообраќајна несреќа на патот Велес-Прилеп: Автомобил излетал од мост и паднал на патот под него

Две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа на локалниот пат Велес – село Раштани, на крстосница на патот во изградба Велес-Прилеп кога патнички автомобил марка „Фолксваген Голф“ со велешки регистарски ознаки излетал од мостот и паднал на патот под надвозникот.

Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, во незгодата која се случила завчера околу 19:30 часот, со повреди се здобиле лицата Ф.Н.(21) и Б.К.(19) од велешкото село Бузалково кои со возило на Итна медицинска помош – Велес биле пренесени во велешката Општа болница.

– Инаку, лицето кое управувало со возилото не било најдено на местото на настанот и полицијата не можела да го евидентира, но трага по него, информира Додевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.