“Се обидува да ме убие”: БОЛТ вриштеше додека ХАМИЛТОН го возеше по кривините на стазата во Тексас (ВИДЕО)

Двајцата големи шампиони одлично се забавувале на стазата во Тексас.

Пензионираниот повеќекратен светски и олимписки шампион, Усаин Болт е голем почитувал на ликот и делото на Луис Хамилтон.

Тие двајцата важат за доби пријатели, па возачот на Мерцедес на стазата во Остин го повикал Болт.

Со добра забава и смеа, Британецот “летал” по стазата, но Болт не бил подготвен за тоа што го снашло.

После неколку кругови, Јамајканецот едвај останал на своето место, па трикратниот светски шампион на Формула 1 за крај ги “запалил” гумите.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.