Сензационално откритие! Во вселената постои живот? Космонаути пронашле организми кои не се од Земјата и ги донеле

Руски космонаути пронашле живи бактерии прилепени на вселенската станица. а тие можеби не се со потекло од Земјата, рекол космонаутот Антон Шкаплеров. Тој додава дека бактериите ќе се проучуваат на Земјата, и дека најверојатно не претставуваат никаква опасност.

Како што објаснил Шкаплеров, космонаутите за време на вселенската прошетка зеле примероци од вселенското летало. Поточно, зеле примероци од местото каде се акумулира отпад од горивото и од недостапните делови на станицата, а потоа примероците ги вратиле на Земјата.

“Како што изгледа, во примероците има бактерии кои ги немаше за време на лансирањето. Односно, дошле од вселената и останале на модулот. Ги проучуваме и веројатно  не претставуваат закана”, рекол Шкаплеров.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.