Сведоштво на полицаецот кого го тепаа активисти на СДСМ, вечерта по изборите: Ме влечеа по земја и ме тепаа додека моето дете плачеше да ме пуштат, се закануваа дека ќе не убијат и дека ќе умреме

Аздисаноста на активистите на СДСМ и опиеноста од приграбената власт ги зема првите жртви. Имено во неделата вечерта нешто пред полноќ 48 годишен полицаец од Свети Николе, бил брутално претепан и влечен по земја од 100-тина активисти на СДСМ  на паркингот пред неговата зграда додека неговиот малолетен син плачел и молел  да го остават и да не го тепаат. Активистите на СДСМ пред очите на неговиот малолетен син надвор и сопругата и другото дете во станот  му се заканувале дека ќе ги убијат и дека сите ќе умрат, а неговиот автомобил бил целосно демолиран. Неизвесноста и маките низ кои поминал  овој 48 годишен човек, неговите две малолтени деца и сопругата, поради активистите на  СДСМ слушнете ги во видеото во прилог, кое е извадок од емисијата „Бумбар“ на ТВ Нова.

– Господине Орде од понеделник ќе те нема ќе видиш што ќе ти се случибила заканата од активистите на СДСМ  до Орде Цветановски, жртвата на бандитите на СДСМ.

– Фрлаа по џамовите по ролетните со секакви предмети, влегуваа во ходникот групи. Влегуваа во ходникот групи, ми влегуваа на вратата ми тропаа извикуваа скандираа сто души од надвор, излези копиле Битолско да видиш што ќе те снајде . Излези п…а ли ти м…..а да видиш кои сме ние. Шутка малку ќе ти биде, потресено вели Цветановски.

– Излегов по пижами надвор во ходникот на зградата живеам на приземје. Ги прашав господа што е проблемот? Што оваа фамилија направила према вас за вие да се однесувате вака? Ме фатија на сила ме извлекоа надвор во ходникот, ме извлекоа надвор на паркингот, физички ме нападнаа, бев претепан, бев влечен, бев малтретиран на мои 48 години. Излезе мое дете на 17-18 години да плаче по мене и да се моли да ме пуштат, раскажува потресено тепаниот граѓанин и службено лице Орде Цвеетановски.

– Очекував дека изборите ќе бидат убави и демократски и празник за душата, ама мислам дека од сето тоа во Македонија не се случува и нема никогаш да се случува. Сум гласал седумнаесет години за партијата СДСМ, сум гласал десет години за партијата ВМРО, сум ги пробал сите и мислам дека од вчерашниот ден ќе бидам најголем неверник и ќе се срамам што воопшто сум роден во оваа држава, го почнува своето сведоштво тепаниот полицаец.

Орде Цветановски од сведоштвото кое го раскажува вели дека има 32 години стаж во полиција. Бил учесник во настаните од 2001 година, учествувал водејствијата и акциите на Шапка, на Васкинце и на Вејце.

–  Бев на работа од пет сабајлето, цел ден до 23 часот ноќта на општина Лозово. Кога си дојдов од работа во 23 часот, кога си дојдов дома во мојот стан во населба „Лиска“ во Свети Николе пред мојот стан, каде што живеам со мојата сопруга и со две малолетни лица дојдоа 40 возила со најмалку сто активисти на СДСМ, вели Цветановски

Тие сто активисти со нивниот предводник за денот на молкот кој ми се закани лично. – господине Орде од понеделник ќе те нема ќе видиш што ќе ти се случи. Поради нивните политички определености ми го опколија станот. Фрлаа по џамовите по ролетните со секакви предмети, влегуваа во ходникот групи. Влегуваа во ходникот групи, ми влегуваа на вратата ми тропаа извикуваа скандираа сто души од надвор, излези копиле Битолско да видиш што ќе те снајде . Излези пичка ли ти материна да видиш кои сме ние. Шутка малку ќе ти биде. Ја неможам да сватам зошто на овој човек Шутка ќе му биде малку. Излегов по пижами надвор во ходникот на зградата живеам на приземје. Ги прашав господа што е проблемот? Што оваа фамилија направила према вас за вие да се однесувате вака? Ме фатија на сила ме извлекоа надвор во ходникот, ме извлекоа надвор на паркингот, физички ме нападнаа, бев претепан, бев влечен, бев малтретиран на мои 48 години. Излезе мое дете на 17-18 години да плаче по мене и да се моли да ме пуштат, истакнува Цветановски.

Цветановски вели дека раздивеаните активисти на СДСМ му го имаат  искршено и неговото возило,  Ауди А4, му се заканувале дека ќе умре и дека ќе ги убијат сите убијат.

На прашањето на водителката дали ги познава лицата кои го тепале, тепаниот полицаец рече, дека ги познава и дека е во тек истрага од МВР. Но дека добил сознание дека се врши местенка со цел тој од жртва да биде претставен како напаѓач.

– Имаме ние сведоци тука од цела зграда, како ме повикуваа, како ме нарекуваа и како ми се закануваа. А господинот што ми се закани, во текот на молкот, кога ние ја работевме  нашата работа, нека му служи на чест, мојот комшија, нека му служи на чест, али ако мислат дека вака треба да биде, да уништуваат нечии животи, нека размислат колку е тоа во ред, господ ќе ги казни. Ги повикувам телевизиите, кои сакаат да дојдат да снимаат да дадам изјава лично да ја слушнат вистината и да видат каде овие деца сега се кријат по станот и не смеат   да излезат надвор во Свети Николе, потенцира Цветановски.

Овој настан претставува класичен пример за тоа како функционира СДСМ, така функционирале во минатот, така функционираат и сега. Закани, заплашувања и физички напади. За жал Република Македонија уште еднаш од почеток ќе треба да го преживее целиот овој хаос, каде никој повеќе не може да биде сигурен за себе и својата безбедност.

Надлежните органи мора веднаш да го расчистат ваквиот случај, а претставниците на мегународната заедница треб да го осудат ваквото дејствување на владеачката партија и нејзините активисти.

Извор: Курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.