Велат дека секој има свој двојник, а двојникот на Доналд Трамп се чини е во рурална Шпанија, и е жена.
Долорес Леис Антело веќе 40 години живее со сопругот на фарма во Кабана де Бергантињос. Нема компјутер, нема телефон, и не прави селфи, но сепак стана вирална на социјалните мрежи.
Новинарката Паула Васкез, пред која Антело позирала со мотика на рамо за потребите на статијата што новинарката ја пишувала за тоа како фармерите се справуваат со лошото време.
Во меѓувреме, фотографијата едноставно ѝ се допаднала на Васкез, па таа ја објавила на својот профил на Инстаграм, тотално незабележувајќи дека Антело е плукната копија на лидерот „на слободниот свет“.
Се разбира, остатокот од интернет веднаш ја увиде сличноста.
Se llama Dolores Leis, es gallega y se dedica a la agricultura, su foto fue publicada por @lavozdegalicia y se viralizó por su supuesto parecido a @realDonaldTrump Are you similar, Mr. President? pic.twitter.com/rhtOP7X1b2
— Miguel Ángel Verdún (@miguelverdun) April 24, 2018