Промоција на Сомниа брендот на Комфи Ангел во Скопје

На 28 и 29 октомври со почеток од 12 до 18:00 часот, во “Веро Џамбо” шопинг центарот во Скопје, ќе се одржи промоција на “Сомниа” брендот од прилепската компанија “Комфи Ангел”.

Oд компанијата најавуваат голем број поклони за посетителите на нивниот штанд, како и многу музика и забава за најмладите.

Производите на компанијата Комфи Ангел се со докажан квалитет, а тоа го докажува големиот извоз кој оваа компанија го остварува.

Ваквите настани не се ништо ново за оваа компанија, која покрај тоа е пример за општествена – одговорност во целата држава.

Посетете ги и дружете се со тимот на СОМНИА од Комфи Ангел во соработка со нивните  партнери – ВЕРО ЏАМБО.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.