“Прилепската администрација се спрема за обука за албански јазик!? Буjaр Османи веќе им организира!?”

Ќе го донесеме законот за употреба на јазиците, тоа ќе биде голем предизвик за нас Албанците од Македонија што подразбира употреба на албанскиот јазик во сите централни институции, во Влада, Собрание, во министерства секаде каде што се Албанците во Македонија, и имплементацијата на овој закон ќе бара многу човечки ресурси, луѓе што знаат да го употребуваат стандардниот албански јазик, и Албанија и Косово можат многу да помогнат, рече тогаш Османи.

Бујар Османи јасно порачува дека администрацијата ќе се обучува на албански јазик.

Не го интересира колку граѓаните ќе ги чини овој неуставно донесен закон, со оглед на тоа што не знае колкави финансиски импликации истиот ќе има.

Но, она што го порачува е дека 130.000 административци треба да се подготват за обуките на албански јазик.

-Сега ќе треба да се активираат сите институции и административните мотори, за да се стави во функција законот. Нормално дека ќе има потреба од финансии, министерот за финансии треба да биде запознат со обврските кои ги ниси законот, но треба да бидат свесни и раководителите на институциите и администрацијата околу тоа дека сега постои еден закон според кој албанскиот јазик станува официјален закон. Ова нема да биде лесен предизвик… Сега може да се запрашаме колку ние го употребуваме стандардниот албански јазик. Мислам дека во овој процес ќе бидат потребни и такви курсеви, нашата администрација немала искуство со употребување на стандардниот албански јазик на централно ниво, јас зборувам за Секретаријатот за интеграциски прашања. Станува збор за комплетно административен вокабулар, каде освен англискиот се употребува и македонскиот, сега ќе се употребува и албанскиот јазик, ќе има потреба од обука, истакна Османи за телевизија 21.

Пред извесно време, за албанска телевизија, Османи порача дека очекува помош од Косово и Албанија.

-Ако некогаш Албанија и Косово интервенирале за политичките права на Албанците, сега Албанија може да влијае за подигнување на квалитетот на албанското образование. Ќе го донесеме законот за употреба на јазиците, тоа ќе биде голем предизвик за нас Албанците од Македонија што подразбира употреба на албанскиот јазик во сите централни институции, во Влада, Собрание, во министерства секаде каде што се Албанците во Македонија, и имплементацијата на овој закон ќе бара многу човечки ресурси, луѓе што знаат да го употребуваат стандардниот албански јазик, и Албанија и Косово можат многу да помогнат, рече тогаш Османи.

 

Извор: “Курир”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.