Победа повторно поразена, има ли крај црната серија?

Нема крај на црната серија на црвено-белите. После поразите од Силекс и Скопје, денеска пораз и од Ренова.

Конечниот резултат на семафорот 2:1 за екипата од Тетово, која со овие три бода изби на 6-то место, а Победа остана закована во опасната зона на осмата позиција.

Со погодокот на Јусуфи во 44-та минута Ренова дојде до водство, а веќе во 45-та израмни Даноски.

Маркос во 69-та минута стрелаше за 2:1, што беше и конечен резултат на натпреварот.

Веќе во наредното коло Победа гостува кај Пелистер што ќе биде директен дуел за избегнување на последните две позиции на табелата кои носат во понизок ранг на натпреварување.

Битолчани имаат и меч помалце во споредба со Победа, а денеска загубија од Шкендија со 0:6.

Покрај со Пелистер до крајот на сезоната Победа игра уште со: Вардар (дома), Шкупи (гости), Шкендија (дома), Академија Пандев (дома), Работнички (гости), Силекс (дома), Скопје (гости), Ренова (дома).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.