ПУТИН ПРЕД ПРЕПОЛН СТАДИОН: 21 век ќе биде век на нашите победи (ВИДЕО)

Митингот за поддршка на кандидатот за претседател на Русија Владимир Путин се одржа на московскиот стадион “Лужњики”.

Путин им се заблагодарил на насобраните и рекол дека доколку победи на изборите, наредните 10 години ќе поминат во знакот на победите.

“Сакаме нашата земја да биде светла, насочена кон индината, затоа што овде живееле нашите предци, живееме ние, ќе живеат нашите деца и нашите внуци. Ќе се трудиме да направиме се’ за тие да бидат среќни. Ако го направиме тоа, тогаш наредната деценија, целиот 21 век, ќе помине во знакот на нашите светли победи. Ние ќе го направиме тоа”, истакнал Путин.

Веднаш потоа Путин ја отпеал и химната на Русија заедно со сите присутни.

Портпаролот на изборниот штаб Андреј Кондрашов на новинарите им соопштил дека пред почетокот на митингот на стадионот биле присутни околу 80.000 луѓе, а според нивната проценка подоцна имало и повеќе од 100.000 луѓе.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.