НEOФИЦИЈАЛНО: “Ова се новите министри за земјоделие и правда???”

Kaко што неофицијално дознаваме владината реконструкција ќе го вклучи и министерот за Земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Според нашите информации кои се неофицијални, Николовски во петок ќе поднесел оставка и ќе биде именуван за нов министер за правда, на местото на Билен Саљили, кој минатата недела поднесе оставка од функцијата.

На министерската функција во земјоделие пак ќе биде именува Бесир Јашари, кадар на ДУИ, кој беше Државен секретар во ова министерство во претходната Влада.

За реконструкцијата во владата денеска пишуваше и порталот “А1он”, при што според нивните сознанија, од министерските места ќе бидат заменети и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, како и министерот без ресор Роберт Поповски.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.