Момчиња претепани во студентскиот “Пелагонија”

Во 04 часот и 40 минути утрово, 20-годишниот Г.Д. од Дојран пријавил дека истиот ден околу 04 во ходникот на Студенски дом “Пелагонија“ во Скопје, тој и неговиот другар А.В.од село Злаести, биле физички нападнати од лицата Д.С. од Пробиштип, К.К. и Т.Н. двајцата од Струга и од уште едно непознато лице.

Притоа напаѓачите ги удирале Г.Д. и А.В. со раце и нозе по главите и телата, при што им нанеле видливи повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.