Манчестер Сити го купува Меси за 300 милиони евра?

leo-messi-640x360

Екипата на Манчестер Сити има намера да ја активира откупната клаузулата за ѕвездата на Барселона Лионел Меси и за неверојатни 300 милиони евра да го направи Аргентинецот најскап фудбалер на сите времиња.

Ако Меси ја прифати понудата да оди кај својот голем пријател и менаџер на Сити, Пеп Гвардиола ќе го собори рекорд трансферот кој го држи Нејмар поставен неодамна при потпишувањето за ПСЖ за астрономски 222 милиони.

Меси не е незадоволен со политиката за трансфери на клубот и побара од претседател Џозеф Бартомеу нови засилувања за каталонскиот тим да биде конкурентен на Реал во трката за титулата.

Ѕвездата на Барселона се уште го нема продолжено договор, иако од Барселона објавија дека се е договорено, но официјално не е потпишана новата соработка.

Во меѓувреме и британските медиуми објавија дека Меси има контакт со Манчестер Сити и дека нешто се случува.

30-годишниот Меси од својата 14 година е во Барселона и освои се што е можно да се освои и на индивидуален и на клупски план.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.