МНР набавува саксиски цвеќиња за 5.000 евра

mnr

Министерството за надворешни работи објави оглас за барање за прибирање на понуди за јавна набавка на надворешни и внатрешни саксиски растенија и цвеќиња, цветни аранжмани и одржување на истите, за годишни потреби на Министерството за надворешни работи, пишува Емагазин.

Според објавата на Електронскиот систем за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 305.700 денари без ДДВ или околу 5.000 евра.

Критериум за добивање на договорот е најниската цена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.