“МИСИЈАТА ЗАВРШЕНА”: Трамп горд на вооружените сили и се заблагодари на сојузниците

Претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер напиша дека е горд на американските вооружени сили за успешно извршениот напад синоќа во околината на сириската престолнина.

“Горд сум на нашата голема армија, после потрошени билиони долари ќе биде најдобра што нашата земја ја имала некогаш. Никој нема да може да се спореди”, напиша Трамп на Твитер.

Трамп упати благодарност и до сојузниците Франција и Велика Британија и напиша дека мисијата е завршена.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.