МЕРКЕЛ МУ СЕ ДОДВОРУВА НА ПУТИН: Од време на време, германската канцеларка му испраќа пиво на Рускиот претседател

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин е интригантна личност која повеќе од 17 години е дел од политичкиот врв на Русија и владеачките структури дали како претседател на Русија или премиер тој е носител на висока политичка функција. Токму поради овие причини тој еден од најпосакуваните гости за интервју во домашните руски, но и светските медиуми. Покрај неговите чести и посакувани интервјуа тој е тема на неколку документарни филмови, пишува порталот инфомакс.

Во последниот документарен филм наречен ,,Путин’’ на Андреј Кондрашов, тој открива дека повремено германската канцеларка Ангела Меркел му го испраќа неговото омилено пиво.

За време на неговиот престој во Дрезден во 80-тите како агент на КГБ тој бил чест гостин на локалната пивница.

Тој вели,, Ангела од време навреме ми испраќа по неколку шишиња оф пивото Радебергер”.

Интервјуто е објавено на рсуките социјални мрежи денес, само неколку дена пред одржувањето на претседателските избори во Русија на кој Путин е повторно кандидат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.