Лицемерие и лаги: Заев во опозиција бараше намалување на акцизата, а сега ја качува

Новата влада најави покачување на акцизата за 3 денари и со вкалкулираното ДДВ ќе изнесува 3,54 денари. Поскапува и екстра лесното гориво за домаќинствата. Министерот за финансии Драган Тевдовски кажа дека со оваа мерка ќе се полнел буџетот и со тие пари ќе се граделе патишта. Исто така ако една од причините за оваа мерка се наведува и препорака од ЕУ за заштита на животната средина и намалување на загадувањето.

Имено, кога СДСМ беше опозиција остро се противеше на ваквите мерки и бараше од тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ да ја преполови акцизата за нафтените деривати. СДСМ изјави дека поскапувањето на енергенсите стануваат неподносливи за просечниот македонски граѓанин. Тогашната опозиција реагираше на покачувањето на бензините за 2,5 денари а на дизел горивата за 1,5 денари. Имено, СДСМ во предизборната кампања никаде немаше спомнато за покачување на акацизата како мерка а сега ја спроведува, пишува Економски.мк.

Новата влада а тогашната опозиција сега ја покачува цената на дизелот дупло на 3 денари која со ДДВ-то изнесува околу 4 денари.

Што се однесува до заштитата на животната средина познавачите велат дека оваа мерка нема да доведе до целосно решавање на проблемот со животната средина бидејќи екстра лесното масло сепак ќе остане поевтино од дизелот и ќе продолжи неговото зголемено користење, а тоа е предмет на сивата економија.
Министерот Тевдовски кој раководи со Министерството за финансии и владата на чело со Зоран Заев за само 5 месеци ја задолжија Македонија за преку 610 милиони евра. Последната аукција за издавање на државни хартии од вредност беше на 31.10.2017 односно само пред три дена. Пред тоа државата беше задолжувана само по основ на хартии од вредност со додадени 71 милион од последната аукција за 327.63 милиони евра само по основ на ДХВ испумпани државни резерви од 177 милиони евра и кредити и задолжувања со вредност од 104.85 милиони евра.

Со овие пари не се изградија патишта ниту се вложи денар во инфраструктурата а сега владата на чело со Зоран Заев со земање на лебот од устата на граѓаните ќе гради патишта и мостови. Зголемувањето на акцизата ќе резултира со инфлаторната спирала и пораст на цените на производи кои се основни во потрошувачката кошничка на граѓаните што значи дека граѓаните не само што ќе плаќаат повисока цена на за гориво туку ќе мора да одделуваат повеќе пари за основните потреби. Ова буквално значи осиромашување на населението удирање по сиромашната и средната класа.

Извор: Курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.