Истетовираната Мирела штотуку падна во затвор и стана најсекси затвореничка која некогаш е видена (ФОТО)

Членот на калифорниската банда ТРГ е уапсена бидејќи била наоружана во возило со своето дете и уште двајца членови на истата криминална група

Мирела Понс е моеби најсекси затвореничка, доволно атрактивна да му парира на Џереми Микс, затвореник кој после одлежаната казна ја продолжи својата кариера на модните писти.

Она што ја издвојува од останатите притворени жени е всушност нејзината фотографија од апсењето во Фрезн, која за кратко време стана вирална.

Оптужена е дека кај себе имала скриено и украдено оружје, а двата случаеви се водат како кривични дела. Нејзината кауција е одредена на 50.000 долари за секој престап.

Фотоградијата од нејзиното апсење завршила на Фејсбук страницата на локалната полиција и во истиот момент го привлече вниманието на јавноста.

Многу корисници на социјалните мрежи дури се понудиле да ја извадат од затвор и да платат кауција од 100.000 долари.

“Единствениот престап кое го направила е тоа што ми го украде срцето”, е само еден од коментарите.

Она што на многумина им го привлече вниманието покрај нејзиниот егзотичен изглед, е и големиот број тетоважи на вратот и градите.

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.