“Идната генерација” – Ново супер мотивирачко видео на прилепчанецот Мартин Пресилски

Во пресрет на дуелите против Израел вечерва и против Албанија во вторник, прилепчанецот Мартин Пресилски направи ново супер мотивирачко видео за нашата фудбалска репрезентација, која после подолги години се буди и покажува голем квалитет на теренот.

Иако резултатите не го говорат тоа, сепак македонските фудбалери во изминатите дуели како никогаш до сега покажаа пожртвуваност за црвено-жолтиот дрес, одлична и активна игра во сите 90 минути.

Сепак, среќата не беше на наша страна во досегашниот циклус за Светското првенство во Русија идната година, но она што може да се забележи како играчки потенцијал не е за потценување.

Одличните Алиоски, Несторовски, Барди, Трајковски очекуваме вечерва да блеснат против Израел и да не израдуваат со прв триумф против оваа репрезентација.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.