Запален автомобил на пратеничка од СДСМ

МВР денеска со детали за запалениот автомобил на пратеничката од СДСМ.

Во 01 часот и 30 минути во Виница на улица „Славчо Стојменски“, непознати сторители, откако претходно го скршиле стаклото на патничко моторно возило „Сеад Леон“ со винички регистарски ознаки, сопственост на С.Ш.М. ја полеале внатрешноста на возилото со запалива течност и ја запалиле.

Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.