ДОЈДЕ ЖИВОТ ЗА СЕНКО: Директор поставен од СДСМ си ја покачил платата од 1.000 на над 1.700 евра (ФОТО)

Левица објави документ добиен од тн. свиркач, според кој новиот директор на ЈП Улици и патишта, си ја покачил платата од 1.000 на над 1.700 евра.

Интегрален текст од објавата на Левица:

По дојава од наш „свиркач“ во ЈП Улици и патишта, обзнануваме дека тамошниот ДИРЕКТОР, поставен од новата власт на Град Скопје – господинот Senad Senko Smailovic си ја качил сопствената плата од 1.000 ЕУР (колку што заработувал неговиот претходник), на над 1.700 ЕУР!!!
Па така, овој млад и амбициозен социјалдемократ, сега заработува повеќе дури и од Премиерот ? [види слика]

Ги замолуваме сите независни и истражувачки новинари, во име на јавниот интерес, да го испитаат овој случај на уште едно недомаќинско работење на новите јавни функционери поставени од СДСМ, а платени со народни пари.
Истовремено, го повикуваме градоначалникот на Град Скопје – Петре Шилегов, по службена должност, итно да го разреши овој аздисан директор!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.