Во Прилеп поделени нови 1.350 корпи за селекција на отпад

_MG_4295

ЈКП „Комуналец“ од Прилеп започна со делење на нови 1.350 корпи за селекција на отпад кои ќе бидат распределени во населбата Варош. Досега се поделени 15.500 вакви корпи и опфатени се околу 65% од домаќинствата во градот. Исто така поставени се 1.200 контејнери на околу 400 места на јавно прометни површини и пред стамбени компкекси. За оваа намена ЈКП „Комуналец“ од Прилеп има инвестирано околу 19 милиони денари.

_MG_4344

Со имплементацијата на овој проект Прилеп е лидер не само во Македонија туку и на Балканот кој успеа да ја примени примарната селекција на отпадот.

„Продолжуваме со имплементација на проектот за примарна селекција на отпадот, кој е од обострано значење како за граѓаните така и за „Комуналец“. Моментално со овие корпи кои се околу 1.350 парчиња го затвораме реонот на населбата Варош и потоа ќе делиме корпи во населбата Тризла. Се надеваме дека до Нова година 100% ќе биде завршена примарната селекција во Прилеп, заедно со руралните средини. Потребно е да поделиме уште околу 7.000 вакви корпи во населбите Тризла 1, Тризла 2 и населените места, рече Златко Ристески, директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

_MG_4347

Корпите за отпад се со жолта и зелена боја, во зелената канта се селектира биоразградливиот отпад, додека во жолтата се одлага ПЕТ амбалажата, најлонот, хартијата, картон, стакло и целиот отпад од било кој амбалажен производ.

Од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп велат дека иако ова е најефтин модел за имплементирање во инвестициониот дел, ваквиот модел на селекција е најтежок од организационен аспект. Досега ЈКП „Комуналец“ – Прилеп покажал одлични резултати заедно со граѓаните и стопанството во примарното селектирање. Овој модел со партиципација на сите инволвирани во  управување на отпадот е во интерес на сите прилепчани.

_MG_4386

„Со несмалено темпо продолжува акцијата на ЈКП „Комуналец“ за имплементирање на примарната селекција. Ќе бидеме прва Општина во Македонија која ќе ја заврши комплетно примарната селекција. Со поделбата на овие корпи ќе се олесни самата селекција на отпад во домаќинствата, како и самата работа на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. А тоа секако ќе овозможи и подобрување на животната средина. Инаку во тек е и изградбата на фабриката за секундарна селекција на отпад кај депонијата Алинци, така што Прилеп продолжува да биде предводник во третманот на отпад на ниво на Македонија. Вкупната вредост на целиот овој проект за примарна селекција на отпадот изнесува околу 19 милиони денари, средства обезбедени од ЈКП „Комуналец“, а до крајот на акцијата проектот ќе чини околу 25 милиони денари“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.