Возило излета од патот Битола – Прилеп

Возило со скопски регистарски таблици вечерва излета од патот Битола-Прилеп, потврдува Лефтерија Миленковска, портпарол на Секторот за внатрешни работи Битола.

Во сообраќајната несреќа која се случила во близина на селото Лознани нема повредени, но од битолската полиција предупредуваат на внимателност во движењето поради засилените врнежи на дожд кои го отежнуваат сообраќајот.

На истиот патен правец интензивните врнежи од дожд предизвикаа и одрон на камења и земјиште. Екипите на Македонија пат веќе работат на негово остранување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.