ВОНРЕДНА ВЕСТ:”Сметките за вода зголемени! Градоначалникот не ја намали за 20% како што ветуваше?! Народот изигран!”

На денешната 9-та седница на Советот на општина Прилеп, беше изгласана скандалозна одлука!

Прилепчани од наредниот месец ќе плаќаат повисоки сметки за вода, наспроти ветувањето на градоначалникот Илија Јованоски, во предизборниот период за намалување на цената на водата за пиење за 20%.

Советот на општина Прилеп денеска одлучуваше по петте точки од следниот дневен ред:

Преку третата точка советниците од СДСМ и коалицијата ќе имаа можност да го исполнат ветувањето на градоначалникот и да ги намалат трошоците на домаќинствата во Прилеп.

Сепак, се случи спротивното. Со донесената Одлука водата за пиење во Прилеп останува на сегашните 26,22 денари за метар кубен.

Доколку денеска градоначалникот и советниците останеа доследни на ветувањето, еден метар кубен ќе беше поевтин за 5,2 денари. Доколку тоа се пресмета на една не така голема потрошувачка од 20 метри кубни месечно, тоа ќе значеше 104 денари помалку на сметката за вода за пиење.

Но, прилепчани не само што ќе плаќаат иста цена за водата за пиење, туку ќе плаќаат и поголема цена за собирање и одведување на урбани отпадни води.

Наместо досегашните 3 денари по метар кубен, утврдена е цена од 5,28 денари, или плус 2,28 денари на секој потрошен метар кубен водат.

На потрпшувачка од 20 метри кубни месечно тоа ќе значи плус 45 денари на сметката за вода за пиење.

Советот одлучи да воведе и нова давачка за прилепчани од 2020 година, кога на сметките за вода за пиење, ќе се плаќа по 7,15 денари за метар кубен потрошена вода, за услуга прочистување на отпадни води.

Ова е доказ колку вреди зборот пред избори на СДСМ и колку вредат ветувањата пред граѓаните кои им донесоа победа на локалните избори на 15 октомври минатата година.

На општо разочарување денес се случи тоа што никој не го веруваше! Зголемени сметки за вода, наместо намалени за 20%! До сега медиумите не се известени за ова? Повеќе информации следуваат набрзо.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.