ВМРО-ДПМНЕ: ”Не само спортот, го уништивте градот за 5 месеци?!” (ВИДЕО)

Прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

(Во продолжение целосен текст од денешната прес конференција)

“Денес е сабота, ден кој во минатото во Прилеп беше празник на спортот. Терминот 18:30 часот беше резервиран за посета на храмот на ракометот ”Универзалната сала на Тутунскиот комбинат”.

Многу таленти, професионалци, репрезентативци, легенди скоро цел живот го посветиле на ракометот, на нашиот и ваш ракометен клуб, на правилниот развој на нашите и ваши деца.

Со гордост, со нескриено задоволство можеме да кажеме дека: ВИЕ, народот од Прилеп вчера, барем до крајот на сезоната го спасивте ракометот во градот. Очајнички управата на ракометниот клуб пробувала да го моли градоначалникот да го спасат клубот.

Веќе кога одделуват 72.000 денари месечно за така наречени пи ар експерти, зошто тогаш да нема пари за ракометот. Бидејќи беа тотално игнорирани, официјално клубот лиферува соопштение дека РАКОМЕТОТ ВО ПРИЛЕП згаснува.

Спротивно на сите пресови на Градоначалникот со ракометните легенди за европски спорт во Прилеп, спротивно на пресовите на Заев со истите, на кои ве лажеа дури и за спортски пензии, лагите на оваа локална кулминираа со замирањето на ракометот.

Но, со ваша помош, со помош на сите љубители на спортот, а најмногу благодарение на упорниот претседател на клубот на РФМ, за среќа полусезоната ќе е доиграна.

Не знаеме како, бидејќи играчи повеќе нема во клубот, преодниот рок заврши на 28.2, но се надеваме дека ќе се спаси тоа што може да се спаси.

Оваа постапка и агонијата во клубот ја потврдуваат само единствената желба на Градоначалникот да го пензионира градот, а со тоа и спортот во него.

За крај, го замолуваме него, а и тие што стоеја зад него на пресовите, а денес се функционери, денес одговор на пресот да дадат во затворениот базен во сала Македонија што бесрамно ви го ветуваа”.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.