(ВИДЕО) OБЈАВЕНА БРУТАЛНАТА СТАТИСТИКА: Еве со што биле соборени американските ракети !

Доналд Трамп излезе со ново тврдење: “Лансиравме повеќе од сто ракети во Сирија. Не ни соборија ниту една! Сириската техника не функционираше добро. Секоја наша ракета ја погоди поставената цел”.

Меѓутоа, Русија го тврди спротивното.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал Игор Конашенков, не само што потврди дека сириската армија соборила 71 крстаречка ракета на агресорите, туку наведе и прецизна статистика.

Најпрво соопшти дека Сиријците потрошиле 112 свои ракети за соборување на 71 американски, британски и француски ракети.

Тој откри дека 25 проектили на ракетно-топовскиот систем Панцир-С1 собориле 23 “цели”. Ова значи дека само две ракети не ја погодиле целта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.