(ВИДЕО) ЧОВЕКОТ КОЈ ГО ОДГЛЕДАА ВОЛЦИ ПРОГОВОРИ: Разочаран сум од животот меѓу луѓето, би сакал да се вратам назад во планината

Маркос Родригез Пантоја од Шпанија 12 години живеел меѓу волци во планина, а на негови 19 години го пронашла Цивилната заштита и го вратиле во цивилизација.

Сепак, дури и сега, кога има 72 години, Пантоја вели дека никогаш целосно не се навикнал на животот со луѓето.

Роден е во Кордоба во 1946 година. Ја изгубил мајката кога имал само 3 години, а кратко потоа го напуштил и неговиот татко, кој заминал да живее со друга жена во соседниот град.

Татко му го продал на некој фармер кој живеел во планината Сиера Морена. Фармерот набрзо починал, па Маркос продолжил сам да живее во дивината.

Маркос одгледувал околу 300 овци, научил сам да пали оган и да користи разни алати.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.