Цел свет ја чека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за можниот воен напад на Сирија, а независниот систем за предупредување на нуклеарна војна објави дека има конфронтација меѓу САД и Русија.
Овој систем следи колку силите на САД се подготвени за одбрана, а познат е под името “DEFCON” и претставува систем за предупредување кој го користи американската војска како би го предвидела ризикот од нуклеарна војна.
Системот има пет нивоа на подготвеност или состојба на предупредување, кои се движат од “DEFCON 5” – без опасност – до “DEFCON 1” висока опасност.