(ВИДЕО) КОЈ БИ РЕКОЛ ДЕКА ЌЕ НАСЕДНАТ НА ОВА: Полицијата ги фатила криминалците со помош на трик од Симпсонови

Со генијалниот план на полицијата од Јужен Јокшир во Велика Британија, уапсени биле 21 лице.

Полицијата во име на лажна кампања испраќала празнични покани на осомничените, ветувајќи им пакети со бесплатно вино, шампањ, божиќен пудинг и други подароци.

Доколку ги сакаат овие бесплатни пакети, се што требало да направат “среќните добитници” било испраќање податоци за домашната адреса .

Откако поверувале во оваа измама, нив пред куќата наместо подароци им пристигнале полициски екипи.

За два дена биле уапсени 21 криминалец. Тие биле барани поради тешка кражба, различни напади, измами, сексуално вознемирување, опасно возење и продавање на дрога.

Она што е интересно, идеата за овој трик полицијата ја добила од добро познатите Симпсонови. На трикот наседна, кој ако не Хомер Симпсон.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.