(ВИДЕО) Завршил на “Голи оток” затоа што сакал да го убие Тито: По 6 децении проговори за тој ужас и како успеал да спаси жива глава

Мато Гелиќ (78) од селото Јањац во близина на Зеница, е единствениот човек кој успеал да избега од Голи оток. Во младоста бил обвинет дека сакал да го убие Тито, па поради тоа завршил во озлогласениот логор.

За време на СФРЈ, Голи оток бил затвор, работен логор и мачилиште за политички затвореници, низ кој поминале повеќе од 16.000 затвореници, од кои 413 го загубиле животот. Основан е во 1949 година по наредба на раководството на Комунистичката партија, а локацијата е избрана поради ненаселеноста и неможноста за бегство. Мато Гелиќ сепак успеал. Избегал.

Мато избегал бидејќи не му дозволиле да користи годишен одмор. Најпрво побарал од неговиот татко да му испрати одело и пари за пат, но командирот Ненад не му ги предал. Мато припаѓал на групата Б, а само на оние од групата А им било дозволено користење на одмор.

Бидејќи не можел да го убеди командирот да го пушти на одмор, Маро решил да избега, пренесува Слободна Далмација.

Мато бил уапсен на неполни 18 години и поради тоа што се дружел со проблематично друштво. Го обвиниле дека учествувал во завера против Тито, во која било планирано негово убиство.

Тој 30 јули 1960 година, бил ден на посета, па Мато ги искористил своите пет минути. Се движел низ гужвата на пристаништето и го чекал витинскиот момент.

Успеал да стигне до копно, а потоа продолжил понатаму. Набргу сретнал неколку селани кои му помогнале да се сокрие.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.