(ВИДЕО) Јапонскиот премиер падна в дупка, а на Трамп баш му е гајле

На видео снимка се гледа моментот кога јапонскиот премиер Шинзо Абе падна за време на партија голф со американскиот претседател Доналд Трамп, кој сето тоа го игнорираше.

Абе и Трамп во неделата одиграле партија голф во клубот Касумигасекијево, кога одеднаш јапонскиот лидер после удирањето на топчето падна во дупката со песок.

Видеото покажува како Абе прави колут наназад, но брзо станува на нозе.

Неговиот партнер не беше во близина, а видеото е снимено од хеликоптер кој прелетувал додека двајцата лидери играле голф.

 

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.