Ќе падне првата голема жpтва на енepгeтcката кpиза: Компанијата ја гаси печката, вработените ќе станат тexнолошки вишок?

Топилницата за никел од Кавадарци, ФЕНИ која сега го носи називот ЕУРОНИКЕЛ од утре ќе ги изгасне печките и ќе го прекине производството, јави Лидер.

-Денеска во 10 часот се одржа состанок на менаџерскиот тим, на кој се донесе одлука електро печката за производство на никел која од први јуни е на одржување, да се изгасне најдоцна до утре од 14:00 часот. Вработените да бидат испуштени на 70% плата,а подоцна да одат во технолошки вишок, вели извор за “ЛИДЕР”.

Слична информација на денешниот брифинг со новинарите сподели и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во текот на денот пристигна и соопштение од Синдикатот на ФЕНИ каде се вели:

-Денес на состанок со менаџментот, бевме информирани за најновиот развој на настаните и одлуките донесени за иднината на компанијата. Имено, после три месеци одржувување во топла состојба и завршени бројни ремонтни активности, во недостиг на решение односно електрична енергија по цена која би овоможила продолжување на работните активности, донесена е одлука за целосно запирање на печката. Ова денеска го истакна Миле Ѓорѓиев, претседател на Синдикалната Организација при Еуроникел Индустри во врска со состојбите на компанијата.

„Ваквата одлука е планска и со цел да се спречи натамошно одлевање на огромни парични средства кои се во милиони евра, а ќе бидат пренаменети во енергетски проекти кои имаат за цел во најкраток рок да го решат снабдувањето на електрична енергија. Во меѓувреме најголем дел од работниците и понатаму остануваат на принуден одмор, а дел останува на работа и е ангажиран на споменатите проекти, при што се применува принципот на ротација на вработените“, додава Ѓорѓиев.

Ние сме во постојана комуникација со менаџментот на компанијата, вели Ѓорѓиев тековно сме информирани за сите сегашни и идни чекори и ја даваме целата наша подршка за надмнување на состојбите, а се со цел да се зачуваат работните места на сите вработени.

„Будно ги следиме и активностите на институциите, жалиме што до денес се уште нема решение за големите потрошувачи на електрична енергија, кои воедно се и најголеми работодавачи со најголем придонес во домашната економија, и апелираме што побрзо да се излезе со соодветна подршка, со цел да бидат заштитени работниците и да им се обезбеди соодветен социјален статус“, изјави претседателот на Синдикалната Организација при Еуроникел Индустри.





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.