Јоноски и Бозоски со нивната хуманост за 4 години ќе помогнат на 96 фамилии со по 18.000 денари

Кандидатите за советници од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Кире Јоноски и Диме Бозоски, пред десетина дена објавија дека се откажуваат од советничките паушали кои ќе им следуваат за работата во Советот на општина Прилеп, и дека средствата ќе ги донираат во хуманитарни цели.

Веста наиде на поддршка од огромен број прилепчани кои ја поздравија нивната одлука и побараа и други советници да се приклучат кон ваквата хумана иницијатива.

Советниците во Советот на општина Прилеп остваруваат надоместок од 18.000 денари, па ако се пресмета тоа за еден четиригодишен мандат, секој советник остварува 48 вакви надоместоци, или 864.000 денари.

Двајцата идни советници од ВМРО-ДПМНЕ со нивната хумана одлука ќе помогнат на 96 семејства кои ќе имаат потреба од ваква финансиска поддршка.

За жал досега никој од спротивниот табор на СДСМ не се одлучи за ваков потег, а добро би било хуманата мисија на Бозоски и Јоноски да ја следат и други од идните советници.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.