Ја паметите ли оваа изјава на Кочо Анѓушев за струјата? МОЖЕЛЕ и 7.4% да ја поскапат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги вчера донесе одлука со која одобри регулиран максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност снабдување со електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје. Со оваа одлука просечната цена на електричната енергија се зголемува за 7,42%.

Во декември 2017 година, тогашниот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, изјави:

“Струјата нема да поскапи ако остане ваква цена на светските пазари, а граѓаните ќе имаат право на избор од кого ќе купуваат електрична енергија, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Ова е предвидено со новиот закон за енергетика за кој во тек е јавна дебата која завршува в среда, кога доаѓа и директорот на Европската енергетска заедница Јанез Копач. Со предложените законски одредби се предвидува либерализација на пазарот, односно граѓаните да бираат кој ќе ги снабдува со електрична енергија. Освен за струја, граѓаните ќе плаќаат и сметка на ЕВН за оддржување на мрежата”.

Oваа вест од пред 3 години денеска се шири на социјалните мрежи.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.