Јасмина пронашла паричник, но горко зажалила: “Следниот пат нема ниту да го погледнам”

Jасмина (32) минатата недела во центалот на Белград пронашла паричник полн со пари и картички, но целата документација на сопственикот.

– Гледам на улица паричник, го кревам, отворам… полн со пари и разни картички. Документите сите на број и тоа баш сите. И лична карта и здравствена и возачка и што уште не. Кога ќе ги изгубиш, потребна ти е половина година за да ги изработиш повторно, а за трошоците да не зборуваме. Си реков, сигурно му испаднал на некој.

Не е ykpaден, бидејќи парите беа во него. Овој паричник му паднал на некој од џеб. Веројатно маж, бидејќи тие ги чуваат документите во задните џебови, раскажува Јасмина за Магазин Новости.

Штом го најдов, сакав да одам веднаш во полициja, тука блиску, и да го предадам, но брзав за на работа и си реков ќе го однесам покасно. Дури кога стигнав во фирмата, колегите започнаа да ми викаат. “Дали си нормална, не го носи во полициja, ќе те обвинат дека ти си го земала, некој можеби пријавил дека има повеќе пари во паричникот”.

И така започнувам да ги гледам картичките, побарав на интернет и пронајдов телефонски број. Му се јавив на човекот и следниот ден дојде пред фирмата во која работам. Му реков почекајте ќе се симнам веднаш. Се претставив, му кажав каде го најдов, а видов дека е истиот човек од фотографијата на личната карта. Го зеде паричникот, не го ни погледна, низ заби рече тивко фала и замина, како да избега.

Јас бев шokиpaна. Барем една минута да постоеше и да се ракуваше. Немаше да прифатам никаква награда, но секако доколку понудеше ќе покажеше благодарност. Јас ќе ја одбиев понудата секако. Родителите ми викаа ништо туѓо да не земам. Затоа си реков, следен пат кога ќе пронајдам нешто слично, воопшто нема ниту да го погледнам.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.