Носител на советничката листа на граѓанското движење “Одлучно за промени”, формирано од партиите ЛДП и ДОМ, е Јане Станкоски, магистер по менаџмент на природни ресурси и животна средина, кој моментално е директор на компанијата за откуп и преработка на тутун СЕКЕ.
Станкоски исто така е предавач на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ во Скопје.
Тој е роден во Прилеп, сопруг и татко на три деца. Својот работен век досега го поминал во бизнисот поврзан со земјоделството, а еден период беше и директор на Земјоделскиот инспекторат.
Граѓанското движење “Одлучно за промени” за кандидат за градоначалник на Прилеп го кандидираше Славе Петрески, стопанственик и бизнисмен.