Ѓорчев и Мицевски во Берлин- средби во Бундестагот, МНР, ЦДУ и Конрад Аденауер

Пратеникот Влатко Ѓорчев и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски се дел од втората Интерпарламентарна иницијатива за соработка со Западен Балкан (IPCI WB) која се одржува во Берлин.

Конференцијата се одржува со цел да се дискутира, да се анализираат и да дадат препораки за унапредување на улогата на парламентите во процесот на интеграција во ЕУ и Берлинскиот процес како и за регионална соработка.

Вкупно, повеќе од 20 учесници од Западен Балкан и Австрија ќе земат учество во иницијациите.

Покрај тоа, повеќе од 10 членови на парламентарната група на ЦДУ од германскиот парламент, се приклучија на дискусиите.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.