Што ли се случува во битолско? Врие од Кубанци?

На 06.11.2019 во 19.45 часот кај манастир ,,Св. Илија’’ во реонот на Граничен премин „Меџитлија“, во близина на граничната линија помеѓу Р.С.Македонија и Р.Грција, од слобода биле лишени П.Р.Е.(44) и Р.Т.Л.М.(33), двајцата од Куба, поради тоа што биле затекнати при обид незаконски да ја преминат државната граница. Тие биле приведени и предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.

Изминатите два месеци зачестија ваквите настани во битолско, па низ полициските билтени на МВР може секојдневно да се забележи по некој нов случај на фатени мигранти од оваа земја.

На пример:

На 10.10.2019 кога во Полициска станица Меџитлија биле лишени од слобода Л.П.М(39) и З.Л.Ф(19) од Куба, кои истиот ден во близина на граничната линија во с.Драгош,битолско од полициски службеници од Граничната полиција биле откриени при обид илегално да ја преминат државната граница.

На 13.10.2019, кога полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Меџитлија”, ги лишиле од слобода Ф.М.Р.(23), М.П.Ј., Д.Л.Ц.(22) и М.Р.А.(26), сите од Куба, при обид илегално да ја преминат државната граница од Македонија во Грција.

На 15.10.2019 во 14.30 часот во Полициска станица Меџитлија од слобода биле лишени П.Б.И.Е.(46) и К.Ф.Л.(29), двајцата од Куба, кои во атар на с.Драгош, битолско, се обиделе илегално да ја преминат државната граница помеѓу Р.С.Македонија и Р.Грција. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка – информираат во полицискиот билтен на МВР.

На 31.10.2019 во 10.00 часот над с.Драгош, битолско, кај манастирот „Свети Илија“, полициски службеници го спречиле кубанскиот државјанин Х.С.А.(32) во обид илегално да ја премине државната граница од Р.С.Македонија во Р.Грција. Тој бил пpиведен во Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор „Меџитлија“, по што е предаден на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.